ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места
Објавено во: Економија 16 Април, 2024
Вработените во Пошти се закануваат со нови протести и штрајк.
Синдикатот најави дека ќе подготви систематизација, ќе ја достави на идната влада и ќе инсистира на нејзина примена. Како што кажа синдикалниот лидер Боро Велигденов, пошта е на работ на егзистенција. Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места. По изборите ќе се бара да се потпише и новиот колективен договор, подобрување на условите за работа и обезбедување средства.
„Вчера земавме плата, но имаме неисплатена плата на над 200 договорни поштари“, вели Велигденов.Синдикатот смета дека состојбите се последица на лошата кадровска политика и партизација. Вработените во пошти и претходно имаа поплаки. Се жалеа на ниските плати и условите за работа.