10 Мај, 2024
0.0253

Воведувањето на еврото во Латвија ќе чини 140 милиони долари

Објавено во: Свет, Финансии 26 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Воведувањето на еврото во Латвија од 1 јануари 2014 година ќе чини околу 70 милиони лати (140 милиони долари), изјави денеска во телевизиското интервју раководителот на проектот за пристапување на земјата во еврозоната Даце Калсоне, пренесуваат агенциите. Воведувањето на еврото од почеток ќе ја чини држата  8.7 милиони лата (околу 17.4 милиони долари), а половината од трошоците ќе ги преземе Европската унија. Според искуството на другите земји членки на ЕУ, кои се приклучија кон еврозоната, тоа ги чинело меѓу 0.3 и 0.8 проценти од бруто домашниот производ. Во случајот на Латвија, целосното воведувањето на еврото ќе достигне сума од  70 милиони лати, истакна Калсоне, која е поранешен аналитичар на Латвиската централна банка. Информативната кампања за воведување на еврото во државата ќе започне во втората половина на 2013 година . Граѓаните ќе бидат информирани за изгледот на банкнотите, номиналниот износ, девизниот курс и временскиот период во оптек во кој ќе станат единствена, национална валута. Исто така државата планира кампања, во која ќе ги повика трговците да не го користат влезот во еврозоната за зголемување на цените. Во март 2010 година владата на Латвија одлучи да го воведе во оптек еврото од 1 јануари 2014 година. За таа цел земјата требаше да ги исполни критериумите од Мастрихт - ниска инфлација, дефицит во државниот буџет под 3 проценти  и државен долг до 60 отсто од БДП-то. Според податоци на Министерството за финансии,  минатиот месец земјата ги исполнила сите Мастрихтски критериуми.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДРАМАТИЧНА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Луѓето носат торби полни со готовина за да ги извршуваат вообичаените трансакции

ДРАМАТИЧНА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Луѓето носат торби полни со готовина за да ги извршуваат вообичаените трансакции

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија