Вонредни инспекциски контроли пред почетокот на грејната сезона
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2019
Државниот инспекторат за животна средина најавува вонредни и засилени инспекциски надзори на поголемите индустриски капацитети односно на загадувачката индустрија пред почетокот на грејната сезона.
Од таму тврдат дека загадувањето на воздухот и понатаму останува сериозен проблем во државата и оти борбата за чист воздух ќе биде долг процес во наредните пет до 10 години.
„Воведуваме нова т.н. паметна алатка за паметни инспекциски надзори. Во однос да ги оптимизираме човечките ресурси и капацитети со кои располагаме. Таа е методологија за проценка на ризици и врз основа на таа методологија се гледа и на централно и на локално ниво кои индустрии се во еден плански регион. Ако се за Скопје воздухот и отпадот, надзорите 100% ќе бидат пофрекфентни во тие две области“, изјави раководителот Дарко Блинков.
Блинков очекува дека загадувањетонема да може да биде избегнато и оваа зима, а главните загадувачи на прво место ќе бидат индивидуалните ложишта, на второ сообраќајот и градежните зафати и активности, а дури потоа индустријата.
„Сообраќајот и старите возила испуштаат азотни оксиди, а пи-ем честичките доаѓаат од индивидуалните ложишта и градежните зафати“, додава Блинков.