07 Март, 2021
0.0241

ВОНРЕДНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРИТЕ - од ноќеска на полноќ бензините и дизелот поевтини за два денари, еве кои се причините

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2021

Регулаторната комисија за енергетика излезе со вонредна одлука за намалување на цените на нафтените деривати.

Практично, цните на бензините и дизелот ќе се намалат за два денари, а според објаснувањето од РКЕ, ова се случува од причина што Уредбата за одредување на скалеста акциза престанува со важност од ноќеска на полноќ, а измените на Законот со кои тоа требаше да се спроведе, се уште не се изгласани во Собранието, бидејќи нема кворум.

Практично, од вечерва на полноќ цените ќе се намалат, бидејќи РКЕ се раководи од законот кој уште е на сила. 

„Врз основа на член 24, став (1), точка 1), алинеја 16 од Законот за енергетика, член 8 од Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и Одлуката за определување на ескалираната густина и деескалираната густина на секој нафтен дериват и гориво за транспорт, висината на надоместокот P за премија, транспортните трошоци Т до склад во Република Северна Македонија и висината на надоместокот D за трошоци за работење преку склад и трговска маржа со вклучени транспортни трошоци од склад до бензински станици и крајни потрошувачи, Регулаторната комисија за енергетика на седницата одржана на 22.01.2021 година, (денеска) донесе О Д Л У К А за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт“, се вели во соопштението од РКЕ. 

Во Одлуката за утврдување на највисоки малопродажниа цени на нафтени дривати и горива за транспорт во членот 1 став (1), се менува и гласи: „(1) Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: 

Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 61,00 (денари/литар) 

Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 63,00 (денари/литар) 

Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 52,50 (денари/литар) 

Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 41,50 (денари/литар) 

Мазут М-1 НС - 30,823 (денари/килограм)“. 

Членот 3 се менува и гласи: „Во највисоките малопродажни цени утврдени со членот 1 од оваа oдлука, содржан е надоместок за трошоци за работење преку склад и трговска маржа, којшто за Еуросупер БС95, за Еуросупер БС-98, за Еуродизел БС (Д-Е V) и за Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) е во износ од 5,500 денари/литар, додека за Мазутот М-1 НС надоместокот е во износ од 2,500 денар/килограм“. 

Членот 7 се менува и гласи: „Во највисоките малопродажните цени утврдени со членот 1 од оваа одлука акцизите што ги плаќаат обврзниците согласно прописите за акцизи, изнесуваат: 

Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 21,786 (денари/литар) - Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 98 - 21,874 (денари/литар) - Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 15,482 (денари/литар) - Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 6,157 (денари/литар) - Мазут М-1 НС - 0,100 (денари/килограм)“. 

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе отпочне да се применува од 00:01 часот на 23.01.2021 година и истата ќе се објави во “Службен весник на Република Северна Македонија” и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА МАЛКУМИНА МИСЛЕЛЕ НА НОВА КОЛА - увозот на нови автомобили лани се струполи за 33 отсто

ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА МАЛКУМИНА МИСЛЕЛЕ НА НОВА КОЛА - увозот на нови автомобили лани се струполи за 33 отсто

ПРОПАДНАА ОСМОМАРТОВСКИТЕ ПОНУДИ - Иако цените се поволни, интересот е слаб

ПРОПАДНАА ОСМОМАРТОВСКИТЕ ПОНУДИ - Иако цените се поволни, интересот е слаб

Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово

Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово

БЕКТЕШИ СО СТУДЕН ТУШ ДО СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ: Тие бараа пролонгирање за завршните сметки до 31 март, власта ги одби

БЕКТЕШИ СО СТУДЕН ТУШ ДО СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ: Тие бараа пролонгирање за завршните сметки до 31 март, власта ги одби

Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра

Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра

Угостителите ги налутија музичарите: Зошто пејачите да не пеат со визири

Угостителите ги налутија музичарите: Зошто пејачите да не пеат со визири

Биткоинот „шпанско“ село за инвеститорите: Не знаат што е „блокчеин“, ниту „копање“ а купуваат криптовалути

Биткоинот „шпанско“ село за инвеститорите: Не знаат што е „блокчеин“, ниту „копање“ а купуваат криптовалути

Турци за 6,5 милиони евра ја купија фабриката за кабли во Неготино од банка и се пред добивање на субвенции

Турци за 6,5 милиони евра ја купија фабриката за кабли во Неготино од банка и се пред добивање на субвенции

Кој во „корона“ со речиси преполовена продажба направи профит од 8,3 милиони евра?

Кој во „корона“ со речиси преполовена продажба направи профит од 8,3 милиони евра?