29 Април, 2024
0.0257

Во тек анкета за гасификацијата на Прилеп

Објавено во: Економија 26 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Општина Прилеп соопшти дека во рамките на проектот „Гасификација на Прилеп“, веќе две недели на терен врши анкета на стопанските субјекти од градот, со цел правилна и точна проекција на трасата и капацитетот на секундарната гасоводна мрежа, која што треба да се гради на територија на општината.

Надлежните истакнуваат дека одреден број претпријатија веќе ги пополниле формуларите коишто им се доставени од страна на Општината, а не е мал бројот и на фирмите, коишто ги пополнуваат формуларите онлајн.

Општина Прилеп апелира до сите стопански субјекти од градот, колку што може поскоро да ги внесат своите податоци во анкетните листови (енергетска картичка и топлински трансформации) прикачени и на страницата на Општина Прилеп.

Анкетата за потребите на гасификацијата ќе послужи како база на податоци за проектантите, кои што ќе ги одредуваат приоритетните локации за трасата на секундарната мрежа.

Во втората фаза од овој проект ќе се врши анкета и за потребите и интересот на граѓаните.


Можеби ќе ве интересира

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто