ВО СЛЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ: Горивата ќе се плаќаат по овие цени
Објавено во: Економија 11 Декември, 2018
Од денеска во сила влегуваат новите цени кои Регулаторната комисија за енергетика реши да ги намали.
Поевтинуваат бензините, ама и дизелот.
За 1,5 денари се намалува цената на бензинот, додека 2,5 денари поевтинува дизелот.
Тоа значи дека за 61,50 денари за литар ќе се полант резервоарите на возачите кои полнат еуросупер БС-95.
Еуросупер БС-98 ќе се полни за 63,50 ден/лит.
Што се однесува до дизелот тој ќе се точи по 58,50 ден/лит.
47,00 денари во следните две недели ќе чини Екстра лесното масло за домаќинство.
Мазутот ќе чини 30,037 денари за килограм.