26 Април, 2024
0.0272

Во што вложи „Жикол“? Добивката е 2,5 денари за акција!

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

„Жикол“ е еден од најдобрите градежни брендови во Македонија и тука нема дилема. Но како му оди во сферата на инвестициите во капитал? Па, за сега и не толку добро! Но и добивка од 2,5 денари за акција е подобра од загуба

Здравствената установа „Цар Самоил“ Бања Банско од истоименото струмичко село објави дека лани завршила со добивка од 3.800 евра што е неспоредливо подобар резултат од претходната година во која оваа позната македонско бања заврши со загуба од околу 117.000 евра.

Најголем акционер во таа здравствена компанија е познатата македонска градежна компанија „Жикол“ од Струмица. Годинава „Жикол“ за неговото вложување во бањата го следува добивка од 2,5 денари за секоја акција. „Жикол“ поседува 75,5 отсто од акциите со право на глас во „Цар Самоил“. Тоа значи дека го следуваат 2.850 евра доколку одлучи да ги повлече во форма на дивиденда (а и тоа само доколку не е потребно со тие пари да се покрие загубата на компанијата од пост-ковид годината).

Лани „Цар Самоил“ остварил 697.000 евра приходи и тоа е за 237.000 евра подобар финансиски резултат од пост-ковид 2021 година. Токму во таа година тогашниот прв човек на „Жикол“ и негов основач Живко Пандев одлучи да вложи во „Цар Самоил“ и да купи 75,5 отсто од акциите со право на глас. За жал, овој познат и успешен македонски претприемач и градежник почина на почетокот на март годинава, а неговиот бизнис го наследија членовите на неговото семејство.

„Жикол“ е домашна градежна семејна компанија која опстојува успешно на домашниот пазар подолго од 30 години.

Според јавни достапни и официјални информации „Жикол“ е компанијата што има добиено најголем број тендери од органи на државната управа и од локални самоуправи и државни фирми. Нивниот број од 2011 година до сега е 300, а најголемиот тендер оваа компанија го доби лани во август од Град Скопје и тоа беше проект за изградба на раскрсници меѓу повеќе скопски булевари. Тендерот беше вреден 18,5 милиони евра. 

Р.Ф.

фото zikol.com.mk

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите