17 Мај, 2024
0.0344

Во Штип прогласена епидемија на жолтица

Објавено во: Економија 21 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Од ден на ден се зголемува бројот на заболени лица од жолтица во Штип. Тројца нови пациенти со симптоми на жолтица вчера беа примени на инфективното одделение во штипската болница.

Доколку анализите потврдат дека новите тројца имаат Хепатит А, со нив бројката на хоспитализирани пациенти само овој месец ќе достигне до 17, а од јуни до сега се хоспитализирани 25 лица.

Директорот на Центарот за јавно здравје Велик Грков изјави дека засега не може да се утврди причинителот на заразното заболување и затоа утре на помош ќе им пристигнат колеги од Институтот за јавно здравје од Скопје.

И додека надлежните смируваат дека нема простор за паника, бројот на хоспитализирани континуирано расте. Засега се уште е непознат и изворот од каде се шири заразата. Епидемиолозите остануваат на истиот став хоспитализираните пациенти се од градот и засега не може да ја најдат поврзаноста меѓу нив.

Во овој период минатата година од жолтица биле заболени две лица, во 2012-немало ниту еден. Алармантна била состојбата во 2011 кога биле хоспитализирани дури 40лица и била прогласена епидемија во општина Карбинци.

Можеби ќе ве интересира

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП