19 Мај, 2024
0.0254

Во оваа земја 110 девојчиња се киднапирани

Објавено во: Свет 26 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Властите во Нигерија денеска признаа дека девојките кои исчезнаа пред една недела, по нападот на екстремистичката група „Боко Харам“ врз нивното училиште во североисточниот дел на земјата се киднапирани.

Се работи за 110 девојчиња. Претседателот Мухамаду Бухари изјави дека ученичките се киднапирани и не е познато каде се однесени.

Бухари додаде дека им наредил на безбедносните агенции на земјата да ја осигураат безбедноста на училиштата и учениците.

Масовното киднапирање е голем предизвик за претседателот, кој киднапирањата во Дапчи ги опиша како „национална катастрофа“ и вети дека нема да бидат поштедени напорите за лоцирање на девојките.

Бухари победи на изборите во 2015 година, а борбата против Боко Харам ја направи приоритет. Неговата влада постојано тврди дека исламската екстремистичка група е поразена, но истата продолжува да врши смртоносни самоубиствени напади во северниот дел на Нигерија. 

Киднапирањето е слично со она што се случи во Чибук пред три години, кога „Боко Харам“ изврши масовно киднапирање на 195 девојки, од кои лани на слобода пушти 82. Киднапирањето на девојките од Чибук тогаш поттикна осуда од светски размери и голема кампања за нивно ослободување на социјалните медиуми.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто