Во кои земји бензинот е најскап, а каде е најевтин?
Објавено во: Свет 06 Февруари, 2017
Според податоците на сајтот GlobalPetrolPrices.com за минатата недела, Бугарија е меѓу европските земји со најевтин бензин.
Уште поевтин е во Белорусија, Русија, Молдавија, Украина и Босна и Херцеговина.
По Бугарија со незначителна разлика доаѓаат Македонија, Романија и Полска.
Во Европа најскап бензин има Норвешка. Оваа земја спроведува строга политика на ограничување на користењето на овој вид гориво и обезбедува сериозни стимулации при купување на електрични возила.
Норвешка го држи и светскиот рекорд на скап бензин меѓу 170 набљудувани земји. На спротивна страна е Венецуела со цена од само 0,01 долари за литар.
Инаку очекувано најевтин е бензинот во Саудиска Арабија - 0.24 долари за литар.