17 Мај, 2024
0.0341

Во кои региони гробарите работат повеќе од бабиците?

Објавено во: Економија 26 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Според официјалните податоци на ДЗР лани бројот на почитани е поголем од бројот на новородени во : Источниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југоисточниот и во Југозападниот регион. Сите овие региони се со доминантно македонско население. Најстрашно е во Пелагонија каде бројот на умрени е за 43 отсто поголем од бројот на живородени деца!!!

Македонската статистика е немилосрдна! Таа го вклучи црвениот аларм што треба да ги стресе и потресе сите „дисижн мејкери“ и „полиси мејкери“ во земјава. Ако ги погледнете официјалните државни податоци за соодносот меѓу новородените бебиња лани и бројот на починати лица ќе видите дека нашата состојба е застрашувачка кон очајна. Пет македонски региони , сите со доминантно етничко македонско население, умираат. Сите имаат поголем број на умрени од родени во 2017 година.

На врвот на листата на „белата чума“ е Пелагонија којалани испратила 3.062 лица и тоа е за 920 повеќе од бројот на живородени бебиња кој изнесува за лани 2.142. На второ место очекувано е македонскиот Исток. Бројот на починати лица е за 488 поголем од бројот на живородени деца. Родени на Исток лани се 1.454 деца и тоа е најмал број на живородени деца во споредба со сите други 7 региони во земјава. Југоистокот е во минус за 140 лица односно лани се родени 1.706 бебиња, а починале 1.846 лица. Вардарскиот регион е во негатива од 90 лица затоа што на живородените 1.589 бебиња, починале 1.679 луѓе. Најблизу до баланс односно статус кво е Југозападот каде негативната разлика е 36 лица, живородени се 1.971 бебе, а починале 2.007 лица.

Скопскиот регион како најнаселен има најголем број на новородени и починати лица. Природниот прираст е позитивен и изнесува 2.010 новородени повеќе од починати. Лани во скопскиот регион новородени се 7.753 бебиња, а починале 5.743 лица. Бројот на живородени е за 35 отсто поголем од бројот на починати.

Полог е единствена светла точка

Само полошкиот регион може да се гледа како светла точка од аспект на наталитетот во Република Македонија. Бројот на живородени бебиња е за 54 отсто поголем од бројот на почитани лица. Во апсолутни бројки тоа изгледа вака: живородени лани се 3.295 бебиња, што е за 890 лица повеќе од бројот на починати кој изнесува 2.405 лица. Доминантно е учеството на бебиња од албанска националност.

Соодносот на родени меѓу двете најголеми етнички заедници е : 11.204 Македонци и 6.933 Албанци. Кај Македонците наталитетот со негативен предзнак и изнесува 3.084 лица, а кај албанската популација е позитивен и изнесува 3.559 лица.


Р. Ф. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА