26 Април, 2024
0.0303

Во Катастар си ги зголемија платите и до 30 отсто, додека професори и доктори чекаа пет проценти од пратениците

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Правилник за зголемување на основната плата и зголемувањето на додатоците на основната плата стапува во сила во Агенцијата за катастар на недвижности и сите вработени во оваа институција заклучно со септември ќе добијат зголемување на примањата од 15, 20 па и 30 отсто, од кои последната ставка за работниците од ИТ-секторот. Вака претходно одлучи управата на „Катастарот“. 

Оваа државна институција, бидејќи станува збор за агенција, се финансира самостојно од наплата на услугите и делумно од основниот буџет, но за зголемувањето на приходите на вработените одлучува сама. 

Парите се обезбедени од сопствениот буџет, а од таму велат дека тоа не е на сметка на странките кои плаќаат за услуги во случај кога оваа агенција најчесто се поставува како монопол. Од кабинетот на директорот Борис Тунџев одговараат дека зголемувањата на платите за вработените во сите сектори, одделенија и подружници е од самофинансирачкиот буџет и дека тоа не се должи на некакво поскапување или зголемување на наплатата на услугите.

„Имено, предметното зголемување на платите на сите вработени во Агенцијата за катастар на недвижности, ќе биде пресметано со септемвриската плата, а согласно член 23 од Законот за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности, објавен во Службен весник бр. 124/2019 и подзаконските акти, донесени согласно овој член. Горецитираното се однесува на сите вработени, а средствата се обезбедуваат од сметката од самофинансирачки активности на Агенцијата, согласно член 23, став 3 од истиот закон. Истовремено, сакаме да потенцираме дека тарифите на услугите не се зголемени, напротив, согласно Тарифниците донесени во 2017 година, цените на катастарските услуги се намалени од 20%-50%, а по однос на инфраструктурните податоци и до 90%, но со домаќинско и рационално трошење и успешно менаџирање, за прв пат во историјата на Агенцијата, се овозможи зголемување на платите од ваков обем, сѐ со цел, зголемена мотивација и ефикасност во работењето.“, гласи одговорот од кабинетот.

Вкупниот број на вработени во Агенцијата за катастар изнесува 837 сужбеници на крајот од 2018. Според финансискиот план на оваа агенција, за 2019 планирано е да се потрошат 5,6 милиони евра.

Од приходите од  самофинансирачки активности, односно од услугите кои ги наплатувал „Катастарот“ лани се собрани 491 милион денари, со тоа што 109 биле пренесени од претходната година, а исто така и од државниот буџет му се одобрени 200 милиони денари, така што вкупните приходи лани изнесувал повеќе од 690 милиони денари.

Ваквото зголемување доаѓа истовремено кога пратениците вчера се согласија со посебен Закон кој се носеше по скратена постапка за доктори, професори, здравствени работници, вработени во јавни установи, односно целата јавната администрација за септември да добие повисока плата за 5 отсто. 

Во прашање се околу 138 илјади вработени во државниот сектор кои ќе се офајдат со септемвриски плати зголемени за пет проценти од буџетот со Законот кој помина со глас „ЗА“ на 82 пратеници без воздржани и против.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти