02 Мај, 2024
0.0413

Во градинките има простор за згрижување на уште 4.500 деца, предност ќе имаат оние што немаат друг избор

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска на првиот ден од отворањето на детските градинки ја посети градинката Буба Мара клон Буба Мара која се наоѓа во општината Аеродром, Скопје.

Шахпаска упати на максимална одговорност од страна на сите чинители вклучени во процесот на згрижување на децата во градинките, со цел нивна заштита и побезбеден престој на децата, водејќи се строго согласно протоколите за заштита од Ковид -19.

„Протоколот кој што Комисијата за заразни болести го усвои на 29 мај многу јасно ги утврдува прописите на однесување на сите чинители. Од приемот на децата од страна на воспитувачите, до нивното сместување во занималните, начинот на кој што ќе се одвива денот, дотур на храна, дневниот одмор, се до нивното испраќање од градинката“, посочи Шахпаска.

Таа истакна дека согласно протоколите во групите од 0-2 години, се сместуваат максимум 6 деца, за кои се грижат двајца вработени од градинката, а во останатите групи од 2-6 години,  максимален број на деца е 15, за кои се грижат исто така двајца вработени.

Министерката Шахпаска посочи дека според последните информации добиени од градинките на ниво на држава, согласно протоколот има простор за згрижување на 19.000 деца, а досега се пријавени 14.555 деца, што остава простор за прием и згрижување на уште 4.500 деца.

Како влезен критериум за згрижување на дете во градинка Шахпаска истакна  дека приоритет има дете на самохран родител и дете на двајца вработени родители чиј работен процес не дозволува работа од дома, односно мора да бидат физички присутни на своите работни места.

Од страна на директорката на градинката Буба Мара од општина Аеродром, Елена Устамитова беше посочено дека првиот работен ден на градинката започнал во најдобар ред со строго почитување на протоколите.

Првиот човек на Општина Аеродром, Златко Марин потврди дека сите градинки на ниво на општината  подготвено согласно протоколот , ја започнале  својата работа.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање