ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ СЕ ПРИМЕНИ 14 НОВИ ТЕШКИ ПАЦИЕНТИ, 14 оздравеле и си одат дома, еден е починат
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2020
Во последното деноноќие во Градската општа болница „8 Септември“ се примени 14 нови пациенти.
Директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов, за Фактор вели дека речиси сите новопрмени 14 паценти имале тешки форми на пнеумонии.
Добрата вест е што денеска од болницата, исто така се испишани 14 паценти, кои оздравеле и сега се во добра здравствена состојба.
За жал, регистриран е и еден смртен случај, на 54 годишен пациент, кој имал тешка форма на билатерална пнеумонија.
Двајцата помлади пациенти за кои веќе пишуваше Фактор, особено 37 годишниот пациент, кој го добил лекот актембра, се во подобра здравствена состојба од претходно.
Н.Н.Ф.