02 Мај, 2024
0.0287

Во дел од скопските училишта ќе има настава со физичко присуство во сите одделенија:И оние што ќе учат онлајн, ќе бидат оценувани во школо

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

И покрај одложениот почеток на новата учебна година, која вообичаено почнува на 1.септември, а годинава поради епидемијата на ковид ќе започне на 1.октомври, сепак нема да има нејзино продолжување и по 10.јуни.

Министерката за образование, Мила Царовска денеска најави дека се работи на скратени програми, а Законот гарантира дека скратената програма нема да биде под 100 часа.

-Овој пат Бирото за развој на образованието ги крати програмите за само бројот на денови што би требало да го надминат 10 јуни, за да можеме да ја завршиме школската година на 10 јуни, а притоа септември ни е празен. Ќе имаме 159 денови кои ќе треба да се адаптираат во програмата, наместо 180. Бирото ги работи и денес треба да бидат доставени до мене. Секако се поедноставува програмата затоа што часовите ќе траат 30 минути и сите овие програми со упатство за употреба ќе треба да бидат доставени до училиштата во петок, изјави министерката, којха што денеска имаше средби со директори на основни и средни училишта.

И покрај тоа што дел од учениците ќе имаат настава онлајн, сепак проверката на усвоените знаења ќе биде со физичко присуство.

-Се подготвува посебно упатство за оценување, бидејчи тоа ни е исклучително важно затоа што онлајн наставата треба да го даде максимумот, а во претходната учебна Но, минатата година оценувањето не беше уредено. Сега велиме – оценувањето ќе треба да се спроведува со физичко присуство и тоа ќе треба да се организира во групи, секако, ако епидемиолошките услови во општината го дозволуваат тоа, рече Царовска.

Инаку, дел од скопските основни училишта денеска најавија дека имаат услови наставата да ја реализираат со физичко присуство за сите ученици. Такви се ООУ „Лазо Трповски“ и ООУ „Аврам Писевски“ во Општината Карпош, а доколку родителите се изјаснат нивните децата да ја следат наставата со одење во училиште, директорите на  овие две скопски училишта, рекоа дека има безбедни услови со запазување на сите протоколи.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање