Во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Септември, 2020
Во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти, објави денеска Министерството за здравство.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки позитивни на Ковид-19, 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 35 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 138, позитивни и сомнителни на ковид-19.Има 2 починати и 56 оздравени.