Во Австрија на градилиште на џамија ставени свински глави
Објавено во: Свет 06 Мај, 2016
Во австрискиот град Грац непознати лица на градилиште на џамија оставиле две свински глави.
Три непознати лица синоќа влегле на градилиштето и ги оставиле главите. За случајот е известена полицијата, а едно лице е приведено. Од Исламската заедница во земјата велат дека имаат добри односи со сите, освен што екстремните десничари биле против изградба на џамија. Оваа џамија односно Исламски центар се протега на 12 илјади метри квадратни површина, ќе има минаре од 22 метри, а тоа ќе биде воедно и трета џамија со минаре во Австрија. Џамии со минариња има и во Виена и Инсбрук.