19 Мај, 2024
0.0289

Внуката на Корчагин од пред Влада: Ќе ја преименувате ли гимназијата Корчагин во името на убиецот на мојот дедо?

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска ВМРО-ДПМНЕ одржува протест а од пред Владата на присутните им се обрати Калина, внуката на Раде Јовчевски Корчагин. Таа рече дека премиерот Зоран Заев го навредил нејзиното семејство.

„Заев ги навреди моите дедо и татко. Ме навреди мене и моето дете. Што јас да му раскажам, како да му ја пренесам семејната историја. Како да го избришам семејното херојство, но и преживеаниот терор на мојот народ. Зарем треба да го кријам мојот дедо од сопственото дете?, праша таа.

Раскажа дека потекнува од семејство кое било директно вклучено во организирањето и борбата за ослобудвање на Македонија од фашистичкиот окупатор, како и за нејзино осамостојување. 

„Раде Јовчевски Коргачин е мој дедо, еден од основачите на двата скопски партизански одреди, кои биле формирани со цел да ја ослободат Македонија од окупаторот. Зарем Македонците тогаш не можеле да разликуваат администрација од окупација, па формирале партизански одреди за да се борат против оние кои „пријателски“ убивале и вршеле злодела низ Македонија? Поради неговите дела и борба за ослободување на Македонија од бугарскиот фашистички окупатор, двапати бил осудуван со смртна пресуда во негово отсуство. Бил ладнокрвно убиен од Антон Ѓеоргиев Антов, бугарски агент по наредба на бугарската полиција. Се прашувам дали за ваква администрација Заев сега сака да ни наметне да мислиме дека ни помогнала во ослободување од окупаторот, реча таа.

Праша дали во интерес на добрососедството, гимназијата „Раде Јовчевски Коргачин“ ќе биде преименувана во „Антон Ѓеоргиев Антов“, убиецот на нејзиниот дедо и додаде.

„Се прашувам во каква Македонија ќе го оставам ова дете да расте? Како ќе му објаснам на ова дете дека еднаш беше една Македонија која имаше историја и луѓе кои ги дадоа животите за неа, ама беше предадена од еден на кого ништо не му беше свето и кој поради лични интереси даде се’. Народе, излези спротивстави се, не дозволувај да ти го одземат идентитетот затоа што без него ќе бидеш никој, порача од пред Владата внука на Раде Јовчевски Корчагин.

Фото: Сител

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична