26 Април, 2024
0.0320

ВМРО-ДПМНЕ ЗА СТРУЈАТА: Поскапувањето на 1500 денари нема да биде 100 денари

Објавено во: Економија 01 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сега граѓаните ќе го плаќаат, како што велат тие, предизборниот поткуп за наводна поддршка со поскапувањето на струјата. 

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека поскапувањето на 1500 денари нема да биде 100 денари како што вели Марко Бислимовски, туку ќе биде многу повеќе, пресметувајќи дека едно просечно семејство ќе плаќа 12 илјади денари повеќе годишно.

„Сега граѓаните од свој џеб ќе ги плаќаат скапите тендери кои ги прават Заеви во РЕК и партиските и непотистичките вработувањата кои изминатите години СДСМ и Заев ги правеа во енергетските компании на државата. Дополнително, се она што беше преизборен поткуп за наводна поддршка на граѓаните, СДСM побрза да си го земе назад, но неколку кратно повеќе. Згора на се без срам претседателот на РКЕ се фали дека за сметка од 1500 денари зголемувањето ќе било само 100 ден. Сметките за електрична енергија не се чист процент за пресметување. На таа зголемена цена има и ддв од 18%. Оттаму ве уверуваме дека зголемувањето на сметка од 1500 денари ќе биде многу повеќе од 100 денари и ќе се движи и до 500 денари. Или поточно ако се земе предвид дека граѓаните плаќаат во просек сметки по 3000 денари месечно, поскапувањето ќе биде речиси 1000 денари поскапа струја месечно, односно до крајот од годината секое семејство ќе треба да одвојува дополнителни 12 илјади денари или 200 евра повеќе од својот семеен буџет. Она што се фалеа дека го дале со враќањето на ефтината тарифа, денес го одземаа повеќекратно.“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Струјата поскапе за 7.5 отсто. Реакција за новата цена имаше вчера и од  Бранимир Јовановиќ, екс советникот на поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски. 

Тој направи споредба како другите земји се справиле со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. 

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто