ВМРО-ДПМНЕ со оправдување зошто Мицкоски не дошол на свеченоста
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2019
Христијан Мицкоски, како лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ бил поканет но не дојде на свечената церемонија на подигнувањето на знамето на НАТО пред Владата на Македонија, а од партијата велат дека нивниот претседател имал други партиски обврски.
„Неодложни обврски се причината поради која што претседателот Мицкоски не присуствуваше на настанот пред Влада“, истакнаа од таму.
На свеченоста не присуствуваа ниту поранешниот, ниту сегашниот претседател на Македонија - Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов. Од кабинетот на Иванов објавија дека поканата задоцнила, додека од Владата рекоа дека ја испратила навреме и по пошта и електронски.