17 Мај, 2024
0.0298

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо живот, им донесе беда

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата додека функционерите од власта секојдневно се богатат со нови грантови и тендер, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Тие обвинуваат дека СДСМ наместо живот, им донесе беда на македонските граѓани. Според нив, во земјава во континуитет се зголемува сиромаштијата.

„Откако е СДСМ на власт трошоците за живот постојано растат. Индексот на трошоците за живот во 2018 наспроти 2017 е пораснат за 1,5%, а индексот на цените на мало пораснат е за 2,7% . Економијата е закована на дното. За прв државниот долг ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра, додека пак државниот долг порасна над 4 милијарди евра. ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, што е многу далеку од ветените 5%““, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Велат дека наместо да растат платите на граѓаните, растат платите на вицепремиерите, растат даноците, растат државниот и јавниот долг, а расте и корупцијата.

„Власта ја закова Македонија на 93 место на листата на Транспаренси Интернешнл на индексот за корупција, во друштво на Гамбија, Косово, Монголија и Панама.
СДСМ ги урниса институциите во земјава, судството и обвинителството работат по партиска нарачка, здравството е во колапс, образованието во тотален хаос и целото општество е поделено. Власта со насилното и неуставно носење на Законот за јазици ја поларизира државата и ги подели граѓаните како никогаш досега. Понижувањата кои ги нанесоа Заев и СДСМ резултираа со капитулантскиот договор со Грција кој насилнички го изгласаа и спротивно на волјата на граѓаните го менуваат Уставот и уставното име на Република Македонија“, стои во партиското соопштение.

Од партијата преку соопштение повикаа на предвремени парламентарни избори. Сметаат дека само така граѓаните ќе напредуваат. 

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија