Влатко Ѓорчев по 14 години и пет мандати го напушта Собранието: Огромна благодарност што бев пратеник
Објавено во: Македонија 11 Март, 2020
Влатко Ѓорчев по 14 години и пет мандати како народен избраник за прв пат ќе почувствува како е да не се биде пратеник, откако тоа стана јасно со објавувањето на синоќешните кандидатски листи на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори на 12 април а на кои не се најде неговото име.
- Огромна благодарност што бев пратеник. Желба за успех до новите пратеници.
Да живее Македонија! Да живее ВМРО-ДПМНЕ!, објави Ѓорчев доцна синоќа.
Покрај Ѓорчев, на листите не се најдоа и други познати пратеници како Илија Димовски и Даниела Рангелова, но засега од нивна страна нема експлицитни реакции.