16 Мај, 2024
0.3446

Власта ќе наплати пенали од странска фирма за непочитување договор

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Агенцијата за странски инвестиции води постапка за наплаќање на пенали од една странска компанија лоцирана во Бунарџик, бидејќи не го испочитувала потпишаниот договор. Информацијата ја потврдуваат од Агенцијата за странски инвестиции, но не откриваат за која фирма се работи.

„Констатирана е повреда на договорна обврска во делот на обврската за одржување на просечен годишен минимум на работни позиции за две календарски години и за истото е иницирана постапка за активирање на договорни пенали која е во тек, велат од Агенцијата за странски инвестиции, за Фактор.

Претходно пак, со истата компанија се водел и судски спор, бидејќи не го испочитувала договорот во делот на бројот на вработувања што требало да ги реализира. Поради тоа и биле наплатени пенали.

„Заклучно со 1 ноември 2017 година само во еден случај е констатирана повреда на договорни одредби од страна на корисник на ТИРЗ„Скопје 1” за што беше покрената судска постапка за активирање на договорни пенали поради неисполнување на преземена договорна обврска по основ на креирање определен број на работни позиции, постапка која е правосилно завршена и наплатени се договорни пенали во корист на буџетот на Република Македонија, велат за Фактор од Агенцијата за странски инвестиции.

Од Агенцијата велат дека редовниот мониторинг за исполнување на обврските што ги имаат странските компании продолжуваат а за секое отстапување ќе бидат превземени соодветни мерки.

Договорите со странските инвеститори претходната гарнитурта ги држеше во тајност – но со доаѓањето на новата влада, тие се декласифицирани а владата најави дека ќе бидат и обелоденети.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА