17 Мај, 2024
0.0435

Власта ќе извлече 20 тони злато од земја погодена од криза

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Постојат сомнежи дека власта во Венецуела ќе извлече големи количини злато од земјата. 

Aвион на руска авиокомпанија слетал вчера во венецуелскиот главен град, Каракас со цел да изнесе 20 тони злато од резервите на венецуелската Централна банка. Ова го објави на Твитер пратеникот во Националното собрание на Венецуела, Хосе Гера.

Авионот полетал без патници и истиот ден слетал на меѓународниот аеродром во Каракас.

Гера не изнесе докази за тоа, но, како што објави агенцијата „Блумберг“, тој во минатото бил економист во Централната банка и  одржува контакти со своите поранешни колеги.

Друг извор за „Блумберг“ потврдил дека банката планирала да изнесе 20 тони злато во вредност од 840 милиони долари, или скоро една петтина од златните резерви на Венецуела.

Официјални лица од „Нордвинд“, Министерството за финансии на Венецуела, како и Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, досега не дале коментари за обидот да се изнесе злато од земјата. 

Лидерот на опозицијата во земјата, Хуан Гуаидо минатата недела се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела, и го повика актуелниот претседател Николас Мадуро да распише претседателски избори.

САД одлучија да му дозволат на Гуаидо контрола врз капиталот и сметките на Венецуела во американските банки. Мадуро има поддршка од Русија и Кина. 

Можеби ќе ве интересира

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП