Владата смирува: Нема да има продолжување на училишната година
Објавено во: Македонија 11 Март, 2020
Владата денеска брифира дека нема да има продолжување на училишната година поради вонредната одлука учениците од основните и средните училишта да не посетуваат настава во следните 14 дена. Дополнително ќе се соопшти како ќе се надополни загубената настава.
Од таму велат дека почетокот на летниот распуст ќе го задржи редовниот термин од 10 јуни и дека загубеното време ќе се надомести со скратени програми. Евентуално одложување на почетокот на летниот распуст ќе има доколку се донесе дополнителна одлука за продолжување на мерката.
„Ако 14 дена е доволно, ќе има измена и дополнување на календарот и ќе нема никаков проблем. Ако има нова состојба, според околностите така и ќе постапиме. Има можност и за скратени наставни програми и така да се организира школската година. Нема место за паника и вознемиреност“, велат од Владата.