Владата потврди дека оставката на Заев ќе биде депонирана денеска
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2021
Владата потврди дека оставката на премиерот Зоран Заев ќе биде депонирана денеска во Собранието на РСМ
- По завршувањето на годишното обраќање на претседателот во Собранието, ќе биде депонирана оставката, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски.
Од Собранието само кратко ги брифираа новинарите дека оставката се уште не е пристигната од Владата, по предновогодишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски.
По оставката на Заев, се очекува Пендаровски да му го даде мандатот на Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ, за составување на Влада.