26 Април, 2024
0.0287

Владата ќе носи закон за стратешки инвестиции, кои се тие?

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Владата на денешната седница ќе ја разгледа информацијата во врска со барањето за согласност на ТАВ Македонија за зголемување на капацитетот на аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид. 

За оваа седница на дневен ред е и точката за Информација со текст на Предлог-закон за стратешки инвестиции во земјава, како и Предлог-стратегијата за транспарентност на Владата, за што таа треба да донесе мислење. 

„На предлог на Министерство за труд и социјална политика на оваа седница ќе биде разгледана Предлог-уредбата за методологијата за утврдување на критериумите за распределба на блок дотации за јавните установи за деца-детски градинки и центри за ран детски развој во состав на јавни детски градинки по општини за 2020 година, а Министерството за здравство ќе ја презентира информацијата со барање за отпочнување постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка и акционен план за Реализација на проект за изградба на два нови болнички објекта за потребите на ЈЗУ Психијатриска болница во Демир Хисар“, се вели во соопштението.

На агендата е и информацијата за добивање на одобрение за отпочнување на постапка за јавна набавка за склучување на повеќегодишен договор за продолжување со изградба на ООУ „Димитар Македонски“, Општина Аеродром, Скопје, на Министерствотоза образование и наука.

Министерството за надворешни работи за оваа седница ги става точките Предлог-одлука за давање согласност за отворање Генерален конзулат на Република Албанија во Република Северна Македонија, со седиште во Струга, и Предлог-одлука за отворање Генерален конзулат на Република Косово во Република Северна Македонија, исто такаво Струга.


Можеби ќе ве интересира

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува