17 Мај, 2024
0.0276

Влада на РМ: Нема градежни активности на Водно

Објавено во: Економија 29 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Владата на Република Македонија постојано ги следи реакциите на граѓанските организации и токму поради тоа, преку надлежните институции, се пристапи кон планирање нова траса за гасоводот која поминува преку Водно, со цел обезбедување реализација на овој еколошки проект со минимален ефект врз животната средина. Од ицијативата велат дека под притисок, Ваквата реакција следува веднаш по брифингот на „Го сакам Водно“ кој денеска пред Град Скопје порача дека Владата еднострано одлучува да се продолжи со сечење на парк шумата и ги МЕР АД ги активира машините повторно. Проектот за изградба на гасовод на Водно е одобрен уште во 2010 година.

– МЕР АД Скопје, изработи предлог на нова траса, со која значително се намалува опфатот на дрвна маса на Водно – со новиот предлог, опфатот на интервенција врз дрвна маса се намалува од 3.000 кубни метри на околу 1.400 метри кубни. Дополнително, трасата се намалува од 25 на 10 метри ширина и се избегнуваат деловите каде има густа дрвна маса. Новата траса беше јавно разгледувана и дефинирана од страна на претставници на институциите, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Од Владата посочуваат дека во овој момент нема градежни активности на Водно, а механизацијата е присутна на локацијата веќе четири месеци.

– Во тек се единствено подготвителни активности за препроектирање на трасата, со цел обезбедување нова траса со која ќе се обезбеди максимална заштита на животната средина. Во наредниот период планирани се активности во деловите каде не е предвидена измена на трасата, односно деловите каде нема загрозување на животна средина, се наведува во соопштението.

Според Владата, новата траса ќе предизвика поголеми трошоци, но по таа цена ќе се обезбеди најмала можна штета врз животната средина.

– Како компензација на оштетената вегетација, ќе се засади нова, во неколкукратно поголеми количини, ќе се оформат нови заштитни подрачја на Водно кон Матка, а ќе се пошуми и јужната страна, се вели во владиното соопштение.

Гасоводот e типичен еколошки проект кој ќе има сериозно позитивен ефект за животната средина.

– Дефинирање целосно нова траса за овој гасовод не е можна, бидеjќи тоа ќе донесе неколкукратно поголеми проблеми и штети за државата и за граѓаните: губење време за реализација на гасоводот, правни проблеми со експропријација на земјиште, губење на заемот со исплата на  дополнителни големи камати, сериозно одложување на реализација на еколошкиот проект-гасовод, и со тоа поттикнување натамошно греење со огревни дрва, наместо со гас, што ја загрозува животната средина, се вели во соопштението од Владата.


Од „Го сакам Водно“ реагираа дека АД Македонски енергетски ресурси (МЕР) има обезбедено 53 документи, но нема дозвола за работа во заштитено подрачје, односно за сечење на Парк-шумата „Водно“. Студијата со оценака за влијaнието на животната средина, која е одобрена од ресорното министерство не е направена за заштитени подрачја, со тоа, не е земена во предвид количината на шумски предел кој ќе биде оштетен и кој вид на дрва, велат од граѓанската инцијатива „Го сакам Водно“. Според нив, студијата е општа и истата мора да биде поништена и потоа да се изработи нова студија за заштитената Парк-шума „Водно“.  Оценката е донесена во 2011 година, а во заклучокот стои дека проектот за гасоводот нема да доведе до значително нарушување на животната средина.

- Мора да се ревидира целата траса. Финансискиот аспект не смее да го деградира природното богатство. Треба да се види дали мора гасоводот да се гради од јужната или сепак може и од северната страна. Имавме стопирање на работата на багерите. За тоа време со Анѓушев се договоривме да го посетиме Водно за да му покажеме дека проектот е така направен што голем дел од шумата се уништува. Потоа, Кочо Анѓушев рече дека ќе го пренесе нашиот став во Владата. По 10 дена, од медиумите дознавме дека Владата донела конечна одлука трасата сепак да поминува низ Водно. Вчера, багерите повторно започнале со работа“, вели Татјана Стојановска од иницијативата „Го сакам Водно“, од каде бараат, Владата по било која правна основа да го стопира уништувањето на Парк-шумата „Водно“ и со тоа да се отстрани целата механизација која се наоѓа таму.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА