17 Мај, 2024
0.0303

Витаминка во соработка со Владо Јаневски

Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Витаминка и Владо Јаневски е новата соработка преку која се промовираат најдобрите македонски производи, а воедно се поддржува македонски поп музичар. Спојувањето на двата силни македонски бренда во различни сегменти ќе придонесе за нивно зацврстување и позиционирање како на домашниот така и на странските пазари.

vlado 1

 „Во Витаминка воспоставивме редовна практика којашто полека станува и традиција, да ја поддржуваме македонската музика и нашите музичари затоа што веруваме дека музиката содржи и пренесува вистински вредности. Владо Јаневски е значајно име за домашната современа поп музика и нè радува што повторно се враќа на сцената и што токму ние како компанија застануваме зад него. Искрено веруваме дека и овој пат влегуваме во една долгорочна и соработка што ќе вроди со задоволство за сите страни“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.

Соработката меѓу двата бренда започна со промоција на новиот спот на Владо Јаневски за песната „Ајде води ме“, а ќе продолжи и во следниот период со дополнителни активности и изненадувања.

Името Витаминка значи вредност, традиција и искрен поддржувач и промотор на современата поп музика. Затоа чест и задоволство е да се застане покрај нешто што е успех веќе 60 години и што е длабоко присутно во нашите секојдневни животи. Од таа причина, покрај тоа што во оваа соработка влегувам со верба, истата има и емотивно значење за мене и мојата работа како музичар“, изјави Владо Јаневски.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/UUW-lpEqJsw[/embed]

Текстот за песната „Ајде води ме“ е авторство на Владо Јаневски, музиката ја напиша Момчило Бајагиќ, снимател и продуцент е Валентино Скендеровски, а аранжманот е на Никша Братош. Се снимаше во загребското студија NB и Enterprise во Скопје. Модел во видео записот, кој се снимаше на локации низ Скопје е Ана Коцева и е во продукција на Томато.

 

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак