19 Мај, 2024
0.0284

Висат платите на 80 вработени од СЈО

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Виси платата на 80 вработени во Специјалното јавно обвинителство, бидејќи нема кој да го потпише налогот за плати. 

Според информациите на Фактор, последната плата за август ја потпишала тогашната заменичка на Катица Јанева, обвинителката Елизабета Јосифовска, но на понатамошните плати веќе ќе нема кој да го стави својот потпис, бидејќи сите специјални обвинители беа разрешени и вратени во нивните матични обвинителства. 

Затоа, околу 80 вработени од СЈО се убедени дека значајно ќе им доцни септемвриската плата, односно сигурно нема да ја земат до последниот рок, 15 октомври, но се прашуваат и како во иднина ќе ги земаат своите месечни примања. 

Ова од причина што судбината на вработените во СЈО треба да се реши со новиот закон за јавно обвинителство, за кој во овој период без успех преговараат владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вчера во интервју за Телевизија 24 изјави дека партиите немаат официјални средби и работат на ниво на документи. Иако не се исклучува можноста решение да се најде до 15 октомври, прашање е дали тоа ќе се случи, дотолку повеќе што иднината на предметите на СЈО е загарантирана, односно тие им се предадени на обвинителите кои од СЈО сега се префрлени во матичните обвинителства.

„Нам не ни останува друго освен да доаѓаме на работа, бидејќи согласно законот, СЈО функционира до 15 септември 2020 година, иако мандатот на специјалната обвинителка заврши на 15 септември годинава“, велат вработени од СЈО.

Според нашите сознанија, истражителите на СЈО, од кои дел се вработени во МВР, а дел во Финансиската полиција, ќе земаат плата преку нивните матични институции.

А инаку, во СЈО, покрај 80-те вработени и истражителите, на работа доаѓаат и сите специјални обвинители, кои беа преземени од матичните обвинителства. Ова од причина што, како што и тогаш, а и сега објаснуваат од Основното јавно обвинителство, нив им се доверени предметите на СЈО, и бидејќи станува збор за обемни предмети, од безбедносен аспект, подобро е материјалите да останат во просториите на СЈО. 

Платите на обвинителите веќе ќе се исплатуваат преку матичните обвинителства, а за тоа кога и физички ќе се префрлат таму, засега нема информации, иако според нашите сознанија, не е исклучено тоа и набргу да се случи. 

( Н.Н.Ф.)

 

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична