19 Мај, 2024
0.0270

„Викиликс“: САД ја шпионирале Владата на Јапонија и домашни компании

Објавено во: Свет 31 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

САД шпионирале вработени во владата на Јапонија, банките и различни компании, вклучувајќи и го конгломератот "Мицубиши", покажуваат новите документи објавени од "Викиликс".

Документите откриваат дека Агенцијата за национална безбедност (НСА) на САД редовно прислушувала 35 телефонски броеви, а надзорот е продолжен во изминатите осум години.

Во последниве месеци "Викиликс" објави документи кои покажуваат дека САД редовно шпионирале бизнис и политички лидери во Германија, Франција и Бразил, кои исто како Јапонија се блиски сојузници на САД.

За моментов нема официјален коментар од јапонска страна, пренесе Би-Би-Си.

Во својата изјава "Викиликс", вели дека последните откритија ја "покажале длабочината на набљудувањето на САД над јапонската влада".

Документите со натпис "Топ Сикрет" покажуваат дека САД имале пристап до разговори во јапонските државни министерства и служби.

САД биле свесни за внатрешни дискусии во јапонската влада по прашања како трговски преговори, политиката на климатските промени, нуклеарната и енергетската политика - како и содржината на доверлива средба во живеалиштето на премиерот Шинзо Абе.

САД исто така следеле вработени на Банката на Јапонија, вклучувајќи го гувернерот на банката Харухико Курода, како и вработените во одделенијата за истражување на фосилни горива на јапонските компании "Мицубиши" и "Мацуи".

Според "Викиликс", НСА ја споделиле информации со Австралија, Канада, Велика Британија и Нов Зеланд.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто