01 Мај, 2024
0.0377

Јубилејно 10-то издание на Викенд Медиа Фестивал од 21. до 24 септември

Викенд Медиа Фестивал во Хрватска ја носи “Туро“– водечката “peer-to-peer“ апликација за споделување на автомобили

Преку “Туро“ апликацијата секој може да го даде под наем својот приватен автомобил, но исто така и да изнајми совршен автомобил за свои потреби

Објавено во: Мои пари 21 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

За својот десети роденден Викенд Медиа Фестивал ќе биде домаќин на “Туро“ (Turo), водечка компанија во светот за peer-to-peer споделување на автомобили. За да го обележи овој настан, “Туро“преку еднократна промоција ќе ги понуди своите услуги во Хрватска за време на Викенд Медиа Фестивалот.

“Туро“ е основана во 2009 година во Сан Франциско и е една од успешните стартап компании во САД,која се базира на принципот на економијата на споделување. Сопствениците на автомобили преку платформа можат многу лесно да го дадат под наем својот автомобил во периодот кога истиот не го користат и на тој начин да заработат, а секој со само еден клик на апликацијата може да изнајми автомобил за своите потреби. Бизнис моделот е едноставен: бескорисно е да имате автомобил кој всушност стои паркиран во поголемиот дел од времето, а на овој начин автомобилот сам себе се исплаќа. Оваа платформа се користи во преку 4.700 градови во Северна Америка, Канада и Велика Британија, прераснувајќи во заедница која брои преку три милиони членови. Секој член просечно заработува 534 долари месечно, што е повеќе од доволно за покривање на месечните прошоци за автомобилот.

„Возбудени сме за гостувањето на Викенд Медиа Фестивал“, изјави Метјус Риолфи (Matheus Riolfi),Директор за Меѓународна соработкаво “Туро“. „Се радуваме на можноста да им претставиме на учесниците на фестивалот барем дел од она што го прави Туро посебен, како за сопствениците на автомобилите, така и за патниците.“

Десетиот Викенд Медиа Фестивал оваа година ќе се одржи од 21. до 24. Септември во просториите на старата Фабрика за тутун во Ровињ, под покровителство на Адрис групацијата. Во првата декада Викенд Медиа Фестивал беше домаќин на 45.000 учесници: 1000 говорници, 35.000 медиуми, маркетинг и ПР професионалци, 3.500 студенти и 5.000 акредитирани новинари од целиот регион. Викенд Медиа Фестивал е најголем фестивал за комуникации во југоисточна Европа, а е прв кој ги објави некои од најдобрите трендови како што се мобилно рекламирање,  “native“ огласување, дигитализација, програматика и блокчеин.

Викенд Медиа Фестивал не е резервиран само за предавања и дискусии, туку и место за забава и вмрежување кое оваа година ќе биде подигнато на ново повисоко ниво. Внимателно осмислената музичка програма отсекогаш била најсилниот адут на фестивалот, а оваа година ќе има и изненадувања прилагодени на големиот јубилеј.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор