18 Мај, 2024
0.0279

(ВИДЕО) ЗГОЛЕМЕНО НИВО НА БЕЗБЕДНОСТ: Светските државници се збогуваат со Шимон Перес

Објавено во: Свет 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Светот денес се збогува со поранешниот претседател на Израел Шимон Перес. Погребот на една од личностите, која стои во основата на договорите меѓу еврејската земја и Палестинската автономија од Осло во 1993 и 1995 година и добитник на Нобеловата награда за мир, се одржува во Ерусалим .

Перес почина во средата на 93 години. Пред две недели тој беше во интензивна нега со тежок мозочен удар.


Меѓу светските водачи, кои присуствуваат и му оддадваат почит на Шимон Перес, се претседателот на САД Барак Обама, премиерот на Италија Матео Ренци, претседателот на Франција Франсоа Оланд и неговиот претходник Никола Саркози, Бил и Хилари Клинтон, папата Франциско, принцот Чарлс, премиерот на Канада Џастин Трудо, шефот на европската дипломатија Федерика Могерини, претседателот на Украина Петро Порошенко, министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер.


Меѓу сите тие светски државници се наоѓа и премиерот Емил Димитриев.

Перес беше премиер на земјата два пати - во периодот 1984 - 1986 и по убиството на Јицак Рабин во 1995 година .

Во 1994 година ја добива Нобеловата награда за мир заедно со Јасер Арафат и Јицак Рабин за неговиот активен придонес во создавањето на договорите од Осло, потпишани во 1993 година, подоцна Перес стана претседател на Израел, повеќе церемонијална функција, од 2007 до 2014 година.

Шимон Перес и служел на земјата повеќе од 7 децении на различни позиции и во нераскажаните многу клучни моменти. Тој е и последниот од првите основачи на државата Израел - и во многу односи личност повеќе популарна во светот, отколку во својата татковина.

Степенот на безбедност е подигнат на високо ниво, многу патишта се затворени а на улиците се распоредени 8000 полицајци. Главниот пат кој во оди во Ерусалим ќе биде повремено затваран, бидејќи по него поминуваат високи светси претставници од меѓународниот аеродром Бен Гурион.

Погребот се одржува во момент кога почнуваат големите еврејски празници, кои палестинските терористи ги користат за да ги зголемат нападите на граѓаните на Израел.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто