19 Мај, 2024
0.0250

(ВИДЕО-ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) Иако не сте свесни ова се наоѓа во вашето тело!

Објавено во: Стил 30 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Без разлика на тоа дали сте пушач или не, пасивното пушење, но и загаденоста на воздухот полека го земаат својот данок. Кинеската телевизија CCTV во рамки на својата кампања против пушењето пуштила прилично вознемирувачко видео кое покажува како навистина изгледаат белите дробови на активните, но и на пасивните долгогодишни пушачи.

Во видеото тврдат дека преку 80 посто од сите болести на белите дробови се предизвикани од пушењето.

 „На фотографиите се гледа дека белите дробови на пушачи со стаж од преку 15 години се покриени со големи црни дамки, додека состојбата со оние кои имаат стаж од преку три децении се уште полоши, бидејќи дури и внатрешноста на белите дробови е покриена со канцерогени супстанции“, се наведува во вознемирувачкото видео.

Така можете да ги видите страшните глетки на лицата кои се пушачи 15 години. Внатрешноста на нивните бели дробови и црни дамки се заплеткани околу стомакот.

Целта на оваа кампања е да се оттргнат што повеќе пушачи од нивните нездрави навики.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“