(ВИДЕО) Седум години живееле во центарот на градот-Сега си направиле необичен дом за 20 000 евра
Објавено во: Балкан 30 Јули, 2017
Млад брачен пар од Шабац, Милан и Нада Ѓуповац одлучиле од градот да се преселат во предградието и тоа во куќа од балирана слама, која почнале да ја градат во април.
Иако немаат искуство со градежништво, речиси сите работи ги изведуваат сами. Очекуваат дека во енергетскиот штедлив и необичен дом ќе се вселат до есента.
Седум години овој пар живеел во центарот на градот, а потоа се одлучиле животот да го започнат во објект изграден исклучиво од природни материјали.
Иако е од слама, оваа куќа не може да ја дувне ни најсилниот ветер ниту да ја помести земјотрес. Во зима лесно се топли, а лето се лади без клима. Тоа пресудило да се одлучат на овој чекор.
Повеќе за оваа авантура видете во видеото на овој линк.