19 Мај, 2024
0.0265

(ВИДЕО) Пукање во киното во САД: 2 убиени и 7 повредени

Објавено во: Свет 24 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Еден човек отворил оган во кино во градот Лафајет во државата Луизијана и уби најмалку три лица, вклучувајќи се и себе. Нападот бил извршен за време на филмот „Trainwreck“, напагачот за кој се претпоставува дека е на 58 годишна возраст, бил меѓу гледачите пред да отвори оган. Клеј Хенри, вработен во локалната брза помош, изјавил дека најмалку осум лица се повредени и хоспитализирани. Тројца од нив се во критична состојба.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/w2xm7OXMJuw[/embed]

Според информација на „KLFY“, меѓу убиените има жена. Од полицијата изјавиле дека жртвите на напаѓачот се по случаен избор. За време на пукањето во салата имало 75 лица.

На местото на инцидентот пристигнале екипи и на ФБИ. Кети Доминго, која била во кино, раскажала дека пукањето започнало 20 минути по започнувањето на филмот и дека напаѓачот бил „возрасен бел маж“. „Слушнавме силен звук, си мислевме дека пукаат петарди. Исто не слушнав некој да вреска. Во следниот момент група девојки почнаа да викаат и слушнавме дека некој бил застрелан. Много луѓе почнаа да бегаат“, раскажува Рокси Мартинез за Си Ен Ен.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/nMC0jVGvheQ[/embed]

Пукањето потсетува на ужасниот инцидент од 2012 година во Аурора, кога Џејмс Холмс, кој подоцна го добил прекарот Џокер, влезе во кино, каде уби 12 лица и рани 70.

Само неколку часа претходно претседателот на САД, Барак Обама изјавил во интервју за Би-Би-Си дека неговото најголемо разочарување во својство на шеф на државата се неуспешните обиди да поднесе измени во делот на американското законодавство, кое го опфаќа пристапот на граѓаните до оружје.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/J4h-wbPlKgQ[/embed]

„Ако се погледне бројот на жртвите на насилството, поврзано со пукањето, тогаш станува збор за десетици илјади луѓе“, изјавил тој. Според него, бројот на Американците, кои загинале во терористички напади од 11 септември 2001 година, не е повисока од 100.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто