(ВИДЕО) Пристигна вакцината на „Фајзер“ на аеродромот во Белград
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 22 Декември, 2020
Претпладнево авион со првиот дел од контингентот вакцини на компанијата „Фајзер“ слета на белградскиот аеродром.
Во контингентот има 4.800 вакцини, а според претходните најави, тие се наменети првенствено за резиденти во домови за стари лица.
Коронавирусот до сега е регистриран кај 303.747 лица во Србија од почетокот на епидемијата, а до сега имаше 2.733 смртни случаи.