(ВИДЕО) Ноќта донесе нови пожари во Црна Гора-огнената стихија се спушта кон куќите
Објавено во: Балкан 19 Јули, 2017
Ноќта во Црна Гора донесе нови пожари-гори брдото Обосник на полуостровот Луштица, на околу 600 метри надморска височина, а огнот полека се спушта кон куќите.
Над десеттина пожари и понатаму се активни ширум Црна Гора, а според зборовите на командирот на Службата за заштита на Тиват Зоран Барбиќ изминатата ноќ била помирна од претходната.
Во општините Тиват и Херцег Нови ситуацијата е непроменета. Активни се пожарите во местото Мардари, појасот Солила-Топлош, долж селото Ѓурашевиќи, долж селото Забрџе кон Жањици, на Плави хоризонти и Дебелиот брег кон Пријевор.
Во Подгорица активен е пожарот во Мркама, Екипи се на терен а неколку мали интервенции во ноќта ги изгаснале сите пожари.
Во Никшиќ е интервенирано во Подбожур и Мацавара. Пожарите се и понатаму активни , но не се загрозени куќите ниту населението.