19 Мај, 2024
0.0260

(ВИДЕО) Меркел за расплаканото дете: Бев чесна и благорасположена

Објавено во: Свет 20 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел го заштити своето однесување, со што расплака 14-годишното палестинче - бегалец во Германија, на јавно место и предизвика бран критики. Во интервју за германската „ARD“ во неделата Меркел изјавила дека била фер и благорасположена кон Риим која ја замолила да го спаси нејзиното семејство од депортација.

Детето упати барање во пречекот на канцеларката во Росток минатата недела за нејзиното учество во јавна дискусија, што се одржа под мотото „Да живееме добро во Германија“. За време на жестока дебата за имиграционата политика, Риим се свртела кон Меркел и на одличен германски јазик раскажала дека нејзиното семејство пристигнало од бегалски камп од Либан во Германија пред четири години, но сега и се заканува депортација.

„Навистина е многу тешко да гледаш како другите луѓе можат да уживаат во животот, а самиот не можеш ... Не знам каква иднина ме чека“. Меркел одговорила дека Германија не е во можност да го преземе товарот на сите луѓе кои бегаат од војната и сиромаштијата и кои би сакале да живеат во земјата со најсилна економија во Европа, барајќи подобар живот.

Неколку минути подоцна детето заплакало и Меркел го погалила по главата, во обид да го утеши - гест што критичарите го опишаа како нечесен и ладен. „Мислам дека гестот беше добар“, рече сепак 61-годишната Меркел во интервју за „ARD“. Би било погрешно да им се каже на луѓето, едноставно затоа што се сретнале со канцеларот дека можеме да ги решиме проблемите побрзо отколку што тоа би се случило за проблемите на многу други луѓе, смета таа. „Ние сме држава на правилата и на законот, но без оглед на тоа сакав да ја утешам да не плаче“, изјавила таа.

Риим не покажа дека ја критикува Меркел за нешто. „Повеќе би ме потресело, ако таа не беше фер“, изјавило детето за весникот „Билд ам Зонтаг“. Подоцна официјалните власти објавија дека е малку веројатно Риим и нејзиното семејство да бидат депортирани, со оглед на фактот колку добро се интегрирале во Германија.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Ji0D_aSUG8A[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто