19 Мај, 2024
0.0253

(ВИДЕО) Мексико објави видео со бегството на Ел Чапо 

Објавено во: Свет 15 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Тунелот употребен за бегството од мексиканскиот затвор „Алтиплано“ на еден од најпознатите наркобоси во светот - Хоакин Гусман - Ел Чапо, е долг еден километар и половина и води до напуштена зграда.

Таа е со сложена и добро скриена рута и излегува токму под тушот во ќелијата на Гусман.

Тунелот бил доволно простран за да обезбеди брзо движење на бегалецот.

Во бегството Гусман се ослободува од нараквицата која само тој и неколкумина други високоризични затвореници морале да ја носат. Ги скршил и сијалиците кои го осветлуваат тунелот.

Властите сметаат дека за време на бегството го чекал мотоцикл. Копањето на тунелот е направено со специфична опрема.

Мексиканските власти објавија видео од камера во ќелијата на Гусман во последните минути пред бегството од затворот.

Гусман се движел во ќелијата, а потоа во санитарниот дел на просторијата се превиткува и во 8.52 часот исчезнува. На местото всушност е влезот кон тунелот.

Мексико веќе објави награда од 60 милиони пезоси (3,8 милиони долари) за информација која може да доведе до апсење на Гусман. Властите се заканија дека ќе ги удвојат напорите на силите за безбедност против картелот Синалоа, чиј лидер е Гусман, и истакнале дека нема да жалат средства, за да го фатат Ел Чапо.

САД изразија подготвеност да соработуваат во потрагата на Гусман.

Тој се смета за еден од највлијателните и опасни криминалци на планетата. Гусман се најде во затвор минатата пролет, по 13-годишна потерница.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/hW0ZFepFFfI[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто