(ВИДЕО) Јапонец се самозапалил, во брз воз
Објавено во: Свет 30 Јуни, 2015
Пожар избувнал во еден брз воз во Јапонија, пренесоа локалните медиуми.
Пожарот настанал во првиот вагон на јапонскиот воз, движејќи се од Токио за Осака. Бозот бил принуден да запре во реонот на градот Одавара.
Двајца патници се во клиничка смрт, како резултат на изгорениците од пожарот. Според локалните новински агенции многу патници во возот се повредени од самиот пожар, како и од испарувањето од густиот чад.
Според очевидци причина за пожарот е самозапалување на еден од патниците.
Слични инциденти со јапонските брзи возови биле екстремно ретки.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/8EUgsiiHpRg[/embed]