(ВИДЕО) ИСИС ја нападна Русија: Експлозија кај полициски пункт, двајца загинати!
Објавено во: Свет 15 Февруари, 2016
Автомобил-бомба експлодирал во Дагестан во близина на полицискиот пункт околу градот Дербент, соопшти Министерството за внатрешни работи на Русија. Исламска држава ја презеде одговорноста за овој напад.
Две лица загинале, а 12 се повредени во овој напад, меѓу кои се шест полицајци и шест цивили.
Според првичните извештаи, автомобилот се доближил до полицискиот пункт после што експлодирал. Се наведува дека нападот го извршил бомбаш-самоубиец кој го управувал возилото.
Меѓутоа, се појавува уште една верзија на настанот-дека експлозијата ја предизвикала експлозија од резервоар за гас, кој се наоѓал во комби, и постои можност дека сепак не се работи за терористички напад. Уште не е официјално потврдено што всушност се случило.
Инаку, овој пункт во руската република беше на мета и претходната ноќ кога е повреден еден полицаец.
На снимките кои се објавени на интернет, се гледа како неколку возила горат на местото на масовната експлозија, додека црн дим се издига над полцајците кои се обидуваат да се изборат со пожарот.
Погледнете ги видеата:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/fzRCffzz07E[/embed] [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/kJHdm6cUUZE[/embed]