Видео: Грузиски политичари се испотепаа на ТВ дебата, новинарката одвај се спаси
Објавено во: Свет 28 Септември, 2016
Дебатата меѓу Трамп и Хилари иако беше многу жестока изгледа како пријателско дружење во споредба со дебатата која ја имаа грузиските политичари Заза Агладзе од Индустриската партија и Иракли Глонти од Народната партија.
Тие почнаа да се прскаат со водата од чашите, а водителката Мака Размадзе се најде во „вркстен“ оган и не успеа да ги спречи да се степаат. Во Грузија на 8 октомври ќе се одржат парламентарните избори и кампањата е многу тензична.