(ВИДЕО-ФОТО) „Ѕверот од Исток“ ја замрзна Европа: Рекордни минусни температури и Арктичка бура
Објавено во: Свет 27 Февруари, 2018
Арктичкото невреме наречено „Ѕвер од истокот“ ги донесе најниските температури оваа зима во поголем дел од Европа, а во Рим ретко видена снежна бура го парализираше градот.
Римјаните ја добија единствената шанса да се санкаат, скијаат и прават Снешко Белчо, додека училиштата се затворени, а авионскиот, возниот и автобускиот сообраќај е во прекин.
Италијанската агенција за цивилна заштита ја мобилизирала војската да помогне во чистење на затрупаните улици бидејќи градот кој навикнал на благи зими е покриен со дебел слој снег.
Олујата донесе многу ниски температури ширум Европа. Литвански претставници наведуваат дека температурата во некои делови на земјата паднала на минус 24 степени целзиусови и довела до смрт на најмалку три лица.
Во германските Алпи се забележани -27 степени минатата ноќ.
Во Хрватска скоро 1000 војници се ангажирани во операции на чистење на најтешко погодените области, каде снегот достигнал висина од 1,5 метри.