(ВИДЕО-ФОТО) Потона фериброд на Филипините, 36 лица загинале а 118 биле спасени
Објавено во: Свет 02 Јули, 2015
Траект со 189 патници и членови на екипажот се преврте крај Филипините поради бурното море, и во инцидентот загинале најмалку 36 лица, а најмалку 118 се преживеани, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на крајбрежната стража и полицијата.
Не е познато дали преживеаните биле спасени или успеале да испливаат до брегот, наведува агенцијата. Според податоци на полицијата во траектот имало 173 патници и 16 членови на екипажот.
Високите бранови го превртеле „MBCA Kim-Nirvana“ на пат кон островот Камотес во централната провинција Кебу од пристаништето Ормок, соопштила крајбрежната стража.
Понекогаш стотици луѓе умираат секоја година во инцидентите со ферибодите околу Филипините - составени од 7100 острови, каде што не се почитуваат речиси никакви стандарди за безбедност на бродовите. Често тие се преоптоварени, а многу од бродовите се во лоша состојба.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/3SbarwHU6MM[/embed]