(ВИДЕО-ФОТО) НАЈЧУДЕН ГРАД НА СВЕТОТ: Овде луѓето работат 7 дена неделно, нема политика и сите се вработени!
Објавено во: Свет 14 Февруари, 2016
Аурвил, експериментален град во Индија кој многумина го нарекуваат најсовршено место на светот, е единствен град во кој нема ниту политика, ниту религија.
Овој град, кој според некои е и најчудното место на планетата, вработува необразовани жени од село кои работат во производство на органска храна која, потоа се дистрибуира ширум светот.
Единствено во низата правила во овој град гласи дека сите мора да работат поради што нема невработени лица.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/DimpledJalebi/status/692344670458941441?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Работното време им е пет часа и се работи сите седум дена во неделата. Градот е всушност огромно еко-село каде мажите и жените се еднакви и каде сите може да живеат во мир.
Најголемата атракција на Аурвил е златната купола Матримандир, голема медитациона соба која се наоѓа во центарот на градот.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/srini091/status/698103236645900288?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Најголем дел од населението го сочинуваат Индијанците, но има и Швеѓани и Французи. Во гардoт во кој живеат околу 50 000 жители не се доволени автомобили бидејќи го загадуваат воздухот, па луѓето се возат со скутери и велосипеди.
Во овој град не постои приватна сопственост, како ни политички партии, поради што се вели дека овде нема политика. Земјиштето и имотот се во сопственост на Фндациите на Аурвил, чии членови ги именува индиската влада.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/SxstZFC8Vms[/embed]Овде многу се почитува креативноста, па училиштата не им нудат на децата единствен систем на образование, туку секое мало дете има шанса креативно да се изрази и покаже своите афинитети.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ibN1GepsLqk[/embed]