18 Мај, 2024
0.0285

(ВИДЕО-ФОТО) ИТАЛИЈАНСКИ ГРАД КОЈ ИСЧЕЗНА: Потресни фотографии по силниот земјотерес кој уништи се!

Објавено во: Свет 24 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Силен земјотрес, со јачина од 6,2 степени по Рихтер, го погоди рано утрово планинскиот дел на централна Италија, при што загинаа најмалку 21 лице, јавија локални италијански медиуми.

zemjo8

Земјотресот причини сериозна штета во извесен број населби и села, но изгледа дека не ги погодил густо населените области. Најпогодеи села се Акумоли, Амариче, Поста и Арквата дел Тронто.

zemjo7

Земјотресот е регистриран во 03.36 часот, недалеку од Перуџа, а ја погодил областа која се наоѓа 170 км од Рим, и се почуствувал на широко подрачје на средна Италија после што многу луѓе истрчален на улиците.

zemjo6 zemjo5

Првиот потрес е забележан нешто после 03 и пол часот, како што соопшти Американскиот геолошки завод, додека час после следел уште еден, со јачина од 5,4 степени. Потресот бил толку силен што ги пробудил и жителите во центарот на Рим.

Многу згради се урнати во мали заедници во близина на епицентарот на земјотресот во областа која не е многу населена, а го опфаќа регионот на Умбија, Марке и Лацио.

zemjo4

Први жртви на земјотресот, кој разора десетина села, изгледа е пар чија куќа се урна во местото Пескара дел Тронто, во регионот на Марке, источно од епицентарот, објави РАИ и други италијански медиуми.

Алесандро Петручи, градоначалник на соседна Арквата дел Тронто, вели дека Пескара е едно од две до три села кои се целосно разорани. Пријавена е и смртта на едно лице во Акуломи, село во близина на епицентарот, додека две тела се извлечени од рушевините на зграда во Аматриче.

zemjo3

Градоначалникот на Арквате дел Тронто, во близина на Пескара, рекол дека уште четири лица се потрупани во рушевините и не им се јавуваат на жителите кои се обидуваат да ги извлечат. Претставници велат декс Акумоли и Аматриче се најпогодени од земјотресот.

zemjo2

„На еден пат има одрон, на друг мостот само што не се урнал ...можеме да слушнеме гласови на луѓето кои се под рушевините -рекол Пирочи.

zemjo1 zemjo

Италија е една од сеизмички најактивните земји во Европа, наведува Ројтерс, потсетувајќи дека најпогубниот земјотрес од почетокот на 20 век ја погоди таа земја во 1908 кога во земјотресот кој предизвикал и цунами загинале околу 80 000 луѓе во јужните области, додека последниот голем земјотрес е забележан во Л'Аквили во 2009 година кога однесе повеќе од 300 животи.

Погледнете го видеото:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/uo2NPcfq5TY[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто