Видео: Екстремни вегани се жигосуваат како животни
Објавено во: Свет 28 Септември, 2016
Група на екстремни вегани од Франција спроведоа шокантна акција за правата на животните на плоштадот на републиката во Париз жигосувајќи си ја кожата и врзувајќи се со ланци.
Нивната замисла е да покажат колку страдаат животните кои се одгледуваат на фармите и дека третманот е крајно нехуман.