(ВИДЕО) Еден европски град ќе го снема, водата го „голта“
Објавено во: Свет 08 Март, 2017
Италија може да остане без својата туристичка Мека.
Како што кажуваат научниците, нивото на водата во Венеција за 1000 години пораснало за 30.5 цм.
Научниците ги анализирале локалните каменоломи, за да ги проучуваат промените на нивното на морето. Тие модели ги искористиле за предвидување на идни промени на морето.
Се преведидува дека до 2100 година нивото на водата ќе се покачи за 92 до 122 цм, што ќе значи потоп за Венеција и 33 подрачја на брегот.
Тука се вклучени Фјумичино, Тоскана, Катанија, Каљарија и Ористана.