(ВИДЕО) Десетици загинати во терористички напад во Анкара
Објавено во: Свет 17 Февруари, 2016
Бројот на загинати лица во денешниот бомбашки напад во центарот на Анкара се искачи на 28, а над 60 лица биле повредени во екплозијата, во близина на резиденцијата на воениот персонал.
Засега, никој не презема одговорност за нападот.
Според првичните инфомрации, експлозијата ја предизвикала бомба од автомобил, а целта на напдот бил турски воен персонал.
До детонацијата на експлозивното средство дошло во моментов кога до автомобилт поминало воено службено возило.
Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу најави детална истрага на нападот, а претседателот Реџеп Таип Ердоган свика вонреден состанок за националната безбедност.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/jLwbef98WBI[/embed]